Денес на видиковецот во античкиот град Хераклеја, близу Битола, средба со новинарите имаа евроамбасадорот Самуел Жбогар, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, градоначалничката на Битола – Наташа Петровска и директорот на Завод и Музеј од Битола – Мери Стојановска, кои зборуваа за проектот “SMART-CUL-TOUR“.
Ова се прави во рамките на проектот SMART-CUL-TOUR кој што се спроведува во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија –Република Албанија 2014-2020, е проект кој се реализира во партнерство помеѓу Општина Битола и општина Пустец, Албанија, како и НУ „Завод и музеј“, Регионален директорат за културно -Корча и Младински културен центар -Битола. Вкупниот буџет на проектот кој се спроведува во рок од 24 месеци, изнесува 704,590 Евра, од кои 85% се ко-финансирани од страна на Европската Унија, додека останатите 15% ги обезбедува Владата преку Министерството за локална самоуправа.
На почетокот на прес-конференцијата зборуваше Мери Стојановска, која го претстави проектот и рече дека очекува бројот на туристи и посетители да биде за 35 до 40 процети повисок.
-Активноста која ги опфаќа адаптацијата и подобрувањето на археолошкиот локалитет Хераклеа Линкестис ќе доведе до значително унапредување на состојбата на Хераклеа, подобрување на условите за посета, како и збогатување на туристичката понуда воопшто. Покрај инфраструктурните зафати кои се однесуваат на поплочување на пешачката патека од влезот на локалитетот па сѐ до Театарот, изработка на соодветни практикабли за поставување на нова сцена во него, потоа зафати врз видиковецот, поставување на соларни светилки долж целата пешачка патека, ќе бидат превземени и други активности. Ќе биде поставен лифт за лица со посебни потреби, па за прв пат на оваа категорија на посетители ќе им се овозможи пристап до Театарот,каде се одржуваат голем број на културни настани, но и до Видиковецот, од каде имаат преглед врз целиот локалитет, рече Стојановска.
Евроамасадорот Жбогар рече дека би сакал да го види готов Офицерски дом додека е тука на служба, но ако замине порано, како и Хераклеја ќе ја гледа на фотографии.
-Вкупниот буџет за „Смарт-кул-тур“ е 704.590 евра, од кои 85 проценти ги обезбедува ЕУ, а останатите 15 проценти државата. Во моментов поддржуваме 14 проекти во временост од 4,5 милиони евра, тековни проекти, а во септември ќе има нов повик за дополнителни 5 милиони евра за прекугранична соработка. Имаме одлиќна соработка со министедтсвото за локална самоуправа, а Општина Битола работи на пет проекти. Ќе продолжиме со тоа, а за Битола ќе има уште еден проект за прочистителна станица за вода и канализација.
Градоначалничката Петровска, зборуваше за тоа што се Битола ќе добие со овој проект.
-Кога се импелементира овој проект ни доаѓаат на памет и други идеи, а токму во таа насока кога доаѓавме наваму разговаравме со претставниците од Корча со кои ќе реализираме и други проекти во рамките на културната размена. Дел од проектот во Хераклеја е во надлежност на Општина Битола, а тоа е пристапот кон Хераклеја. Со ова би се решило пристугнувањето и паркирањето која битолчани доаѓаат во Хераклеја, лесен приод и партерно уредување од лева и десна страна, рече градоначалничката Петровска.
Министерот за локална самоуправа Горан Милевски зборуваше за поттикнување на туризмот и рече:
-Денес извршивме увид на локалитетот Хераклеа, кој е проект од прекугранична соработка со кој се подобрува пристапноста и содржината на овој локалитет, со цел да се направи попривлечна и подостапна за посетителите. Константно прекугранично работиме на поттикнување на туризмот како и искористување на културното и природното наследство во насока на економскиот развој на државата, подобрување на конкурентноста, економијата, трговијата и инвестициите, потоа заштитата на животната средина, унапредување на приспособувањето на климатските промени и миграцијата како и заштита и управување со ризик. Нашата земја изобилува со преубави историски локалитети, како овој во Битола, Хераклеа Линкетис, на кој битолчани особено се горди. Сакам да најавам дека од ИПА 2 програмата, веќе преоѓаме во фаза на отворање на ИПА 3 програмата поддржана од Европска Унија, преку која ќе работиме со важни теми и потреби за граѓаните, реализирани прекуграничните идеи и проекти од страна на национални и локални институции, здруженија.
Општина Пустец во рамките на своите проектни активности ќе ја реновира, старата зграда на училиштето во с. Глобочани, во кое се школувал еден од најпознатите македонски и албански писатели од втората половина на XX век, Стерјо Спасе. Регионалниот директорат за култура од Корча ќе се погрижи за комплетниот дизајн и опремување на музејската поставка која ќе биде сместена во самото училиште, кое на овој начин ќе добие повеќезначна функција.






