
Како и во директниот контакт така и преку писмената e-mail комуникација секоја порака која што ќе ја испратиме некому или ќе ја добиеме од некого, во себе содржи невербална порака и одредена доза на емоции кои е потребно да ги разбереме доколку внимателно неколку пати го прочитаме меилот кој што сме го добиле.
Секој меил во себе содржи невербален тон и некаков вид на емоција ! Важно е да можеме да го разбреме пишаното.
Затоа, доколку сакаме да ја разбереме пратената порака, потребно е истата да ја прочитаме но овој пат во улога на оној што ни ја испраќа.
Доколку лично го познаваме испраќачот, тогаш многу е веројатно дека полесно ќе го протолкуваме испратеното писмо. Доколку не го познаваме испраќачот, ќе треба добро да размислиме и протолкуваме точно што сакал како испраќач да ни соопшти и дали во пораката има некакви потенцијални поинакви намери отколку она што е декларативно напишано како текст.
За да можеме ова совршено да го протолкуваме навистина е потребно долгогодишно искуство во комуникациски вештини преку ваков индиректен начин на писмена e-mail комуникација. Но, доколку имаме основни познавања и елементарна култура на
пишување e-mail, ќе ни биде многу полесно со сите овие дадени насоки.
Во светот на средношколците, студентите и универзитетските професори исклучително е потребно поефикасно да се усоврши користење на овој вид на e-mail комуникација. Зошто ?
Бидејќи може да ви помогне да напишете пораки кои успешно ќе го пренесат вашите намери и нивното значење до вашата наменета публика.
Како ќе знаеме дека испратената e-mail порака е најефикасен начин за постигнување на посакуваната комуникациска цел ?
Бидете кратки, концизни а за конструкцијата на пораката ќе зборуваме понатаму во следните статии. Ќе имате можност да добиете детални информации кој верувам ќе ви користат за да одлучите кој стил на пишување е соодветен за одредена публика на која ќе и се обраќате преку e-mail комуникација.
Во коорпоративниот свет на писмена e-mail комуникација, пораките се деловни и значително поладни во однос на полу приватно-службени конекции каде може да се протолкува невербален тон во писмената порака.
За сите консултации, on-line предавања на оваа, но и други теми можете да не контактирате на info@euinstitue.eu
ПРОДОЛЖУВА…
Регистрирано Национална Универзитетска библиотека “Св.Климент Охридски“, Скопје. ISBN 978-608-4880-00-4, КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ, COBISS.MK-ID 111602442
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.






