Press "Enter" to skip to content

СВР Битола со апел да се почитуваат протоколите за превоз и организирање на прослави на Илинден

Почитувани граѓани,

СВР Битола согласно препораките и протоколот за одржување и одбележување на државни празници што го усвои Владата на Република Северна Македонија, а по повод одбележувањето на престојниот државен празник 2 Август, Илинден, информира дека поради пандемијата со Ковид-19, годинешните свечености се сведени на минимум, без поголеми собирања на граѓани на отворено.

Затоа апелираме да ги почитувате сите препораки од надлежните служби, да го почитувате протоколот за превоз на патници изготвен од Комисијата за заразни болести, а се однесува на максимум 3 лица во патничко возило, односно 50% од капацитетот на автобусот или минибусот, како и избегнување на поголеми групирања и задолжително носење на заштитни маски за сите гости, посетители, учесници, тимови, членови на здруженија и организации. Ви благодариме на разбирањето и Ви го честитаме престојниот државен празник Илинден, се вели во соопштението на СВР Битола.

More from БитолаMore posts in Битола »