Press "Enter" to skip to content

Се асфалтира “Стерјовски Ѓорги Џоџа“ и седум улици во Долно Оризари

Денес, завршува асфалтирањето на улицата „Стерјовски Ѓорги Џоџа“ во Битола. Со нејзиното асфалтирање се овозможува поврзување, во овој дел на Битола, со неодамна асфалтираниот паркинг и дел од улицата “13 ти јули“, со што се завршува една инфраструктурна целина, неопходна за жителите од овој дел на градот. Со денешните градежни активности на терен, комплетно се реализира проектот за линиска инфраструктурна градба – изградба на коловоз на улица „Стерјо Ѓоргиев Џоџа“ – Битола и дел од паркиралиште на улица „13 ти јули“. За реализација на овој проект, општината од сопствениот буџет издвои 5.115.963,25.Седум улици во Долно Оризари за првпат добиваат асфалт. После вчерашното асфалтирање на една од улиците, денес се подготвуваат за асфалтирање и другите улици кои е предвидено да бидат асфалтирани во оваа фаза. Со реализацијата на овој проект, ќе им се овозможи на жителите да заборават на долгогодишните проблеми со кои се соочуваа низ годините, движејќи се до своите домови низ улици со кал во зима или прашина во лето. Вкупната вредност на договорот за реализација на овој проект изнесува 4 696 063 денари, средства од буџетот на Општина Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »