За жал и во денешната статистика за Битола, поврзана со ковид-19, бележи еден починат пациент од ковод-19. Има еден нов заболен, но и осум мина оздравени пациенти.
Инаку, според информации на Министерството за здравсто во последните 24 часа се направени 1.419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19, во Скопје 47, Куманово 17, Дебар 1, Штип 23, Тетово 12, Струга 7, Битола 1, Охрид 3, Кавадарци 9, Гостивар 15, Гевгелија 1, Струмица 1, Демир Хисар 1, Македонски Брод 10, Виница 2, Свети Николе 2, Кичево 12, Неготино 2.
Починати се 4 лица, во кои има и пациент од Битола.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 185 оздравени пациенти од кои во Битола се 8.
Досега во земјата се направени вкупно 105357 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.054, бројката на оздравени пациенти е 6.882, на починати е 497, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.675.






