Од денес ќе следува постабилен и не особено топол период, со дневни температури кои на југоистокот ќе достигнуваат до 36 степени. Повторно нестабилно ќе биде кон средината на работната неделата.
Во Битола, денес, недела, 2 август, времето во Битола според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец. УВ=8. Температурата во Битола до 29°С.






