Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Денес и утре ќе преовладува стабилно, сончево и топло време. Од среда следува период на нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.

Денес, понеделник, 3 август, времето во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. УВ=8. Температурата во Битола до 30°С.

Утре, вторник, 4 август, времето во Битола ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. УВ=8. Температурите до 32°С.

More from ВестиMore posts in Вести »