Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола се наоѓа на подготовки во Маврово каде под контрола и на тренерот Жељко Бабиќ во одработуваат подготовките за наредната сезона, каде ќе се натпреваруваат на меѓународен план и во домашната Супер лига.
Додека стручнот штаб работи на терен, Управата на клубот ги завршува и сите правни и други формалности околи пријавувањето на екипата во ЕХФ за играње во Лига на Европа.
Еурофарм Пелистер од Битола, го затвори списокот на ракометари, а ги објави и броевите на дресовите под кои ќе играат оваа сезона. Веќе се знае кој ракометар кој број ќе го носи, а засилувањата, Мандалиниќ ќе игра со број 9, Костески со 19, Танкоски со бројот 14, додека Мараш го има бројот 2.
Останатите ракометари ќе ги имаат истите броеви со кои настапуваа лани.






