ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола, денес информира за нови случаи на COVID-19, во Битола. Денес има 7 нови случаи во Битола (на возраст од 23, 29, 42 (х2), 53, 57 и 63 години.
Од новорегистрираните 5 лица се поврзани со веќе регистрирани позитивни лица од најблиското семејство.
Вкупниот број на активни случаи според ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола во Битола изнесува 70 заболени.
Денес регистрирани се и 2 оздравени лица од Битола.
Во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи на ковид-19.
Досега во земјата се направени вкупно 109.946 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.399, бројката на оздравени пациенти е 7.480, на починати е 517, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.402.






