Ротаријанецот Раде Христовски од Битола, член и еден од основачите на Ротари клубот Битола е избран за Гувернер на Дистриктот 1912 за ротаријанската 2022/2023 г. Ова е за прв пат еден македонец, а со тоа и битолчанец да извршува толку висока функција во организацијата на Ротари.
За појаснување, Ротари интернационал е глобална организација во која членоват сите ротари клубови од светот. Организационо таа е поделена на околу 550 Дистрикти. Клубовите од Република Северна Македонија се во ист дистрикт со клубовите од Република Словенија од 2016 година. Дистриктот 1912 го сочинуваат над 1000 словенечки ротаријанци од 50 клубови и околу 500-тини македонски ротаријанци од 21 клубови.
Оваа мрежа на деловни и професионални луѓе, лидери во своите заедници организираат бројни проекти и активности во корист на заедниците од двете држави.
Одлуката за избор на Христовски е дочекана со голема радост и гордост во Ротари заедницата во Македонија и Ротари клубот Битола и истата претставува признание и за Раде Христовски како човек кој ужива почит и поседува големо искуство во ротаријанството. Со неговиот избор се потврдува силниот персонален капацитет и на Ротари клубот Битола.
Инаку, Раде Христовски активен во ротари е од 1998 година од кога е член и еден од основачите на Ротари клубот Битола, на кој во 2000/2001 година бил и претседател. Од 2003 до 2006 година бил секретар на Дистриктот за Ротари клубовите од Македонија, а од 2006 до 2008 година асистент на гувернерот за 3 ротари клубови, додека во 2008/2009 бил Координатор на асистентите на Гувернерот за Ротари Клубовите од Македонија, бил и специјален претставник на гувернерот за Основање на Ротари клуб Прилеп и Основање на Ротари Клуб Битола-Широк Сокак.
Во неговата биографија за ротаријанството се забележува дека во претседателскиот мандат 2000/2001, бил основан и Ротаракт клуб Битола, а од 2009 до 2015 година од претседателот на Ротари Интернационал бил назначен за член на меѓународен Advisory Board за Македонија, Албанија и Косово. Во 2012/2013 година бил Координатор на Сојузот на Ротари Клубови на Македонија, а во перидот 2013-2016 бил член на Совет на Ротари за Македонија. Од 2014 до 2016 бил член на тимот за здружување на Македонските со Словенските Ротари Клубови во заеднички Дистрикт 1912 Словенија и Македонија.
Добитник е на златна значка и добитник на сребрена значка на Дистриктот од двајца гувернери на Дистрикт 1912 Словенија-Македонија.






