Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола сончево со мала до умерена облачност

Следува период во кој ќе преовладува сончево и потопло време претежно со попладневно зголемување на облачноста и со услови за појава на изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи особено во средината на неделата.

Денес, понеделник, 10 август, во Битола, времето според прогнозите на мереоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за изолирана појава на дожд и грмежи. УВ=8. Температурата во Битола до 28°С.

Утре, вторник, во Битола, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. УВ=8. Температурата во Битола до 30°С.

More from ВестиMore posts in Вести »