Денес во Битола е регистриран само еден новозаболен пациент од ковид-19, а не се забележани оздравени пациенти во Битола.
Во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 20, Куманово 16, Штип 13, Прилеп 1, Тетово 3, Струга 2, Велес 4, Битола 1, Охрид 2, Кавадарци 15, Гостивар 10, Гевгелија 1, Радовиш 2, Демир Хисар 1, Македонски Брод 2, Виница 3, Свети Николе 5, Кичево 7, Неготино 1
Почината е една пациентка, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 422 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 115.590 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.942, бројката на оздравени пациенти е 8.087, на починати е 528, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.327.






