Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: техники на манипулација и како да ги препознаете­ кои техники ги користат манипулаторите во една врска

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола

“Убивање на карактерот“

Оваа техника на психолошко малтретирање претставувава еден вид на навредливо однесување со кое партнерот „манипулатор“ на прикриен начин настојува да му припише некоја лоша особина на личноста „жртва“, при што сака да ја увери дека е лоша. На пример упорно може да повторува дека личноста е склон/а кон расправии, постојано доцнење, манипулации, дека мора постојано нешто да греши,  се заплеткува, збунува и сл.

“Покровителско“ однесување

Тоа претставува форма на маскирано омаловажување. Овде манипулаторот му зборува на жртвата дека не е дорасната на ситуацијата или на задачата: „ Јас тоа ќе го направам… тебе тоа ти е претешко“, или „Тука мора многу да се размислува, а ти тоа не го умееш баш најдобро“.

Понижување пред другите, сарказам

Манипулаторот ги исмејува постапките на партнерот пред другите. Ги изнесува нејзините/неговите тајни, му се потсмева  на нејзиното мислење и изјави пред другите.

Обвинување (окривување/ изигрување на жртва

Манипулаторот постојано го обвинува партнерот за своите постапки, промашувања, заблуди. При тоа се претставува како жртва. Кога поединецот партнерот„жртва“ се обиде да се одбрани, го окривува  дека тој или таа се агресивниот партнер во врската и /или треба да се извинува, да се промени.

Однесување на отфрлање

Партнерот ги игнорира чувствата на другиот, избегнува комуникација која другата личност ја иницира. Спрема него/неа се однесува со презир, го игнорира партнерот.

Порекнување на очигледното, лажење

Манипулаторот негира дека нешто кажал, барал од парнерот и со тоа го слудува, доведувајќи го понекогаш неговото/нејзино помнење и здрав разум во прашање.Во литературата овој тип на емотивно злоставување се вика “gaslighting” спрема познатиот филм “Gaslight” од  1944 година. Манипулаторот со тоа станува супериорен во однос на жртвата со тоа што може константно да им навлекува чувство на вина  на спротивната страна. Заради манипулаторскиот однос на партнерот „насилник“ „жртвата“ или жртвите  сметаат дека тие се  виновни што партнерот се однесува на тој начин.

Тие (жртвите) само сакаат и постојано се обидуваат да му докажат на манипулаторот дека не е во право. Потребно е „жртвата“ да знае дека:

-Однесувањето на другата личност е негово однесување и не би требало да се чувствуваат одговорни за истото.

-Постапките на партнерот манипулатор претствауваат своевиден „модел“ на однесување кој тој го усвоил.

-Со тоа што ќе останете околу таква личност подолго време, ќе се чувствувате исцрпени обидувајќи се да ги вратите назад во позитивниот емоционален спектар и ќе согорите.Што можам да направам ако сум жртва на манипулација  во партнерски однос (емотивен однос)

-Не дозволувајте да бидете емоционално уценети, еднаш е доволно емотивниот манипулатор да види дека тоа е успешен метод за добивање на она што го сака од вас.

-За да се борите против техниките од емоционалниот манипулатор, треба на некој начин да документирате што кажува за да се има дефинитивен доказ дека ве лажи право во  лице.

-Заштитувајќи се од манипулирање на емоционално ниво, потребно е да знаат дека се  способни еднаш и засекогаш да се ослободат од кршењето на  универзалното  право на сопствена слободна волја.

 -Поголема самодоверба во своето однесување и застапување на своето мислење, ставови, емоции односно асертивно однесување.

Да ја шириме свеста преку едукација за емоционална манипулација кај младите и тинејџерите да знаат да ги препознаат овој вид на токсични  врски.

Пожелно е да – ако препознаат дека се во емотивна врска каде има барем еден од техники на емоционална манипулација, да ја прекинат токсичната врска.

Потребно е да знаат  Љубовта понекогаш не е доволна за да го променат однесувањето на партнерот.

Заради тоа важно е да пронајдат некоја личност барем една со која можат да разговараат за стравовите и чувствата, и кои личности ќе им дадат поддршка во одлуката да ја прекинат насилната врска или ќе ги насочат да побараат стручна помош.