Претседателот на Советот на Општината Битола Валентин Груевски за денес ја закажа 58. седница на Советот на Општината Битола, а по подолго време ќе се одржи во салата за седници на Советот на Општината Битола, наместо “он-лајн“ како досега за време на корона-кризата.
На денешната седница на дневен ред ќе бидат 46 точки, а советничката група на “Поинаку“ најави и две нови точки, поврзани со поскапувањето на струјата, ако светниците со гласање ги стават на дневер ред ќе се расправа по нив, кои ги доставија до претсадателот.
Седницата ги има следниот дневен ред:
1. Заклучок за констатирање престанок на мандатот на Олга Лозановска член на Советот на Општината Битола, заради неспоивост на функцијата член на Советот со пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.
2. Избор на Верификациона комисија.
3. Верификација на мандатот за член на Советот на Општината Битола од кандидати на листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
4. Информација за безбедносна состојба на подрачјето на ПС-ОН Битола во текот на прво полугодие од 2020 година.
5. Завршна сметка за финансиското работење на ЈП „Комуналец” во 2019 год.
6. Извештај за работата на ЈП „Комуналец” Битола во 2019 год.
7. Извештај за реализација на Програмите за одржување на ЈЗП и јавна чистота во Општина Битола за 2019 год.
8. Завршна сметка за финансиското работење на ЈП „Нискоградба” во 2019год.
9. Извештај за работата на ЈП „Нискоградба” во 2019 год.
10. Завршна сметка за финансиското работење на ЈП „Пазари” во 2019 год.
11. Извештај за работата на ЈП „Пазари” во 2019 год.
12. Завршна сметка за финансиското работење на ЈКП „Водовод” во 2019 год.
13. Извештај за работата на ЈКП „Водовод” во 2019 год.
14. Завршна сметка за финансиското работење на ЈП за стопанисување со Индустриската зона „Жабени“ во 2019 година.
15. Извештај за работењето на ЈП за стопанисување со Индустриската зона „Жабени“ во 2019 година.
16. Завршна сметка за финансиското работење на ЈП за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг Битола во 2019 год.
17. Извештај за работата на ЈП за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг Битола во 2019 год.
18. Завршна сметка за финансиското работење на ЈП за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во општина Битола за 2019 година.
19. Извештај за финансиското работење на ЈП за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во општина Битола за 2019 година.
20. Завршна сметка за финансиското работење на Зоолошката градина – Битола за 2019 год.
21. Извештај за работата на Зоолошката градина – Битола за 2019 година.
22. Завршна сметка за финансиското работење на Старски дом „Сју Рајдер“ – Битола за 2019 година.
23. Извештај за работата на Старски дом „Сју Рајдер“ – Битола за 2019 година.
24. Извештај за реализација на Програмата за користење и одржување на улично осветлување во Општината Битола за периодот од 01.01.2019 до 31.12.2019 година.
25. Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежното земјиште во Општина Битола за периодот 01.01.2019 до 31.12.2019 година
26. Извештај за реализација на Програмата за одржување на комунални објекти и инсталации, локална патна мрежа и улици во Општина Битола за периодот од 01.01.2019 до 31.12.2019 година.
27. Извештај за реализација на Програмата за локален економски развој за 2019 год.
28. Годишен извештај за реализација на Програма за остварување на социјалната, детската и здравствената заштита во општина Битола за 2019 год.
29. Годишен извештај за работата на Локалниот економско социјален Совет на општина Битола за 2019 год.
30. Годишен извештај на Локален Совет за волонтерство на општина Битола за 2019 год.
31. Измена и дополнување на Годишниот план за вработување на КЈП „Нискоградба“ Битола за 2020 година.
32. Годишниот план за вработување на ОЈУ Зоолошка градина Битола за 2021 година.
33. Измена на Програмата за работа на ОЈУ Зоолошка градина Битола за 2020 година.
34. Одлука за формирање на тело за одлучување за распределба и трошење на финансиски средства кои се предвидени во Буџетот за 2020-2021 година за преземање на мерки за заштита на животна средина и подобрување на амбиенталниот воздух на подрачјето на Општина Битола.
35. Одлука за кофинансирање на проектот: Промена на дограма за ОУ „Елпида Караманди“Битола.
36. Одлука за примање на донација- техничка докуметација основен проект за реконструкција на локален пат с.Црновец – с.Лопатица.
37. Одлука за примање на донација – техничка документација, изработка на проект за инфраструктура за водоснабдување на игралиште во Горно Оризари – Битола со вклучена ревизија.
38. Одлука за примање на донација Противпожарно возило на Општина Битола даден од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.
39. Одлука за примање на донација- техничка докуметација основен проект за санација и тековно одржување на чешмата во комплексот “Oфицерски Дом’’
40. Одлука за промена на припадност на Ул.„Раштанска“ и Ул.„Кире Костадиновски“.
41. Решение за разрешување и именување на претседател и член во Комисијата за јавни дејности при Советот на Општината Битола.
42. Решение за разрешување и именување на претседател во Комисијата за локален економски развој при Советот на Општината Битола.
43. Решение за разрешување и именување на претседател во Комисијата за правата на децата при Советот на Општината Битола.
44. Решение за разрешување и именување член во Комисијата за човекова средина при Советот на Општината Битола.
45. Решение за разрешување и именување член во Советот за јавно здравје во Општина Битола при Советот на Општината Битола.
46. Разрешување и именување член во Управниот одбор на ОЈУ Зоолошка градина Битола.






