Во следните денови во претпладневните часови ќе преовладува сончево време, а во попладневните на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Поинтензивни процеси се очекуваат за време на викендот.
Денес, среда, 12 август, во Битола, времето според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне можност за нестабилност. УВ=8. Температурата во Битола до 31°С.
Утре, четврток, 13 август, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ=8. Температурата во Битола до 31°С.






