Press "Enter" to skip to content

За повторно згрижување на деца во градинките потврда од работодавец дека мора родителите да се на работно место

Согласно донесениот протокол за работа во јавните установи-детски градинки, ЈОУДГ “Естреја Овадија – Мара“ – Битола, со порака до родителите кои сакат да ги згрижат своите деца повторно во градинките.

ЈОУДГ “Естреја Овадија – Мара“ од Битола го истакна следното соопштение:

-За повторно згрижување на вашите деца во градинка, потребно е да доставите потврди од работодавецот за двата родители дека работните задачи задолжително мора да ги извршувате од вашето работно место, без можност за работа од дома. Доколку е самохран родител, се доставува само една потврда.

Согласно спроведената анкета од 04.08 до 07.08., а по претходно анкетирање во месец мај за потреба од згрижување на вашите деца ВЕДНАШ и ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ, потребните потврди можете да ги доставите најдоцна до 17.08.2020, секој работен ден, од 8 до 12 ч. во ДГ “Пролет“.

Истовремено за потребно згрижување треба да ви е подмирен целокупниот долг кон градинката и истиот да изнесува 0 (нула).

Со почит, ЈОУДГ “Естреја Овадија – Мара“ – Битола

More from ВестиMore posts in Вести »