Денес, четврток, 13 август, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. УВ=8. Температурата во Битола до 31°С.
Утре, петок, 14 авгсут, времето во Битола ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне можен локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=8. Температурата во Битола до 32°С.
За време на викендот нестабилно ќе биде на повеќе места, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилни врнежи, засилен ветер и услови за појава на град. Дневните температури ќе опаднат.






