Еурофарм Пелистер – Металург 24:22 (15:12)
Од Струга, Сашо Ристевски
На првиот ден на традиционаланиот струшки ракометен турнир, кој се одигра под ковид-19 протоколи, екипата на Еурофарм Пелистер од Битола, ја победи екипата на Металург со резултат 24:22, полувреме 15:12, со што го направи првиот чекор кон финалето.
Натреварот кој е прв официјален за двете екипи по корона кризата од месец март, го одбележаа многу грешки на двете страни, но уште од стартот екипата од Битола покажа дека е оправдан фаворит. Избраниците на Жељко Бабиќ стигнаа до значителна предност, но и Металург имаше свои моменти.
Екипата од Битола почна со доста добра игра во одбраната и за пет минути прими само еден гол, по што константно го држеа водството. Во десеттата беше 6:3, а потоа, Еурофарм Пелистер стигна до +5 (9:4). Металург се обиде дојде на еден гол разлика пред крајот на првото полувреме, а полувремето заврпи 15:12 во корист на Еурофарм Пелистер.
“Металурзите“ на стартот на вториот дел дојдоа на -1 (16:15), но Еурофарм Пелистер за брззо време се врати три гола разлика (18:15). До крајот со добра одбрана битолчани ја задржаа оваа разлика од 2-3 гола, а натпреварот заврши 24:22.
Најдобар кај Еурофарм Пелистер беше Кушан со пет гола, а Маџовски, Мандалиниќ, Стјепановиќ и Костески постигнаа по три. Голманите на екипата од Битола Чаневски и Трајковски забележаа по три одбрани.
Еурофарм Пелистер со победата над главниот конкурент во групата практично е прв и многу блиску до пласман во финалниот натпревар на Струшкиот турнир. Денес Еурофарм Пелистер има слободен ден.
[ngg src=”galleries” ids=”574″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






