Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер од Битола со втора победа обезбеди финале на Струшкиот турнир (фото)

Еурофарм Пелистер – Прилеп 38:17 (18:10)

Вториот натпревар од 3. ден на 48. издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга од “А“ групата заврши со победа на екипата од Битола, Еурофарм Пелистернад Прилеп со резултат 38:17 и со тоа се “чекира“ во финалето во недела.Еурофарм Пелистер како и се очекуваше одигра моќно, а ракометарите играа според планот, разликата ја зголемуваа од минута по минута. Уште од стартот на мечот ракометарите од Битола поведоа, а во 17. минута резултатот беше 10:6, потоа 14:9, за на полувремето се отиде со +8 (18:10). Во 39. минута Еурофарм Пелистер имаше +10 (22:12), а потоа не дозволи Прилеп да посетигне гол цели 15 минути и по серија од 9:0 беше +15 (27:12), за на крај победата биде со +21 (38:17).Во последното, 3. коло од „А“ групата Еурофарм Пелистер е апсолутен фаворит против Струга, вечерва игра и втората екипа од Битола, Еурифарм Пелистер 2, против Вардар.

Фото: Меѓународен ракометен турнир Струга

More from СпортMore posts in Спорт »