Еурофарм Пелистер 2 – Бутел 17:21 (6:11)
Ракометарите Еурофарм Пелистер 2 од Битола, со пораз го започнаа учеството на турнирот во Струга кој се игра на отвореното игралиште кај “Женска плажа“.
Во првото коло од групата “Б“, екипата на Александар Јовиќ загуби од суперлигашот Бутел, со резултат со 21:17, полувреме 11:6.
Скопскиот тим имаше убедливо водство од +5 по првото полувреме. Во вториот дел битолскиот тим реагираше и израмни на 15:15. Ракометарите од Битола потоа немаа сили за комплетен пресврт. Бутел поведе со 17:15, а на пет минути до крајот беше 18:16. Скопјани зголемија на 19:16 и до крајот немаше дилеми околу победникот.
За Еурофарм Пелистер 2 од Битола ова беше прв натпревар во Струга, во второто коло Еурофарм Пелистер 2 ќе игра против Охрид.






