Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: кривична за битолчанка за лихварство, нападната вработена во Клиничка

Во СВР Битола од страна е поднесена кривична пријава против битолчанка за сторено кривично дело „лихварство“, согласно член 260 од Кривичниот законик. Имено, пријавителката за заем од 70.000 денари земен во септември 2019 досега има вратено само на име “камата“ износ од 240.000 денари, меѓутоа пријавената барала износ од дополнителни 186.600 денари, заедно со главнината. За настанот е известен Јавен обвинител. СВР Битола работи на расчистување на случајот.

56 годишна вработена во Клиничка болница Битола во СВР Битола пријави дека била нападната од непознато лице додека обавувала работни задачи. За настанот е известен Јавен обвинител, а СВР Битола работи на расчистување на случајот.

More from ВестиMore posts in Вести »