Денес, недела, 16 август, во Битола, според пронозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален дожд и грмежи, со можност за интензивни во форма на невреме со засилен ветер и појава на град. УВ=7. Темперетурата до 28°С.
Утре, понеделник, 17 август, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне можно нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. УВ=8. Темперетурата до 29°С.
До четврток во претпладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.






