Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола двајца оздравени од ковид-19, нема новозаболени

Денес во Битола се регистрирани двајца оздравени пациенти, а нема новозаболени. Во последните 24 часа се направени 912 тестирања, а регистрирани се 103 нови случаи на ковид-19.

Починати се 3 пациенти, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 187 оздравени пациенти од кои во Битола 2.

Досега во земјата се направени вкупно 127196 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12.840, бројката на оздравени пациенти е 9.361, на починати е 547, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.932.

More from ВестиMore posts in Вести »