Press "Enter" to skip to content

Како се радуваа битолчани во Струга по освојувањето на турнирот (фотогалерија)

Од Струга: Сашо Ристевски

Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола одиграа одлично финале на Струшкиот турнир, ја совладаа екипа на актуелниот европски првак Вардар, а со тоа донесоа пехар во Битола, кој ќе биде во клубските простории, нов пехар по 10 цели години.Затоа радоста беше голема, а како рекоа да се победи Вардар по годините кога беше неприкосновен на овие простори, кога кој ќе биде македонски шампион се знаеше пред стартот на сезоната, не е мала работа.Сега, како рекоа, главната битка за титулата, ќе се бие во спортската сала во Битола.Ракометарите се бодреа самите по секој даден гол,а по победата, радоста беше голема кај сите кои беа терен и беа учесници на финалето, но и кај сопствениците и управата кои доста вложија.

Вложеното во секој поглед го даде и првиот видлив резултат, пехарот отпатува за Битола.Но, радоста беше голема и кај оние кои од Битола беа во Струга, за жал само официјалните лица.Околу стотина “Чкембари“ поради ковид-19 мерките останаа зад голот, на кошаркарското игралиште на “Женска плажа“, и таму ја прославија победата и враќањето на ракометот во Битола.

[ngg src=”galleries” ids=”577″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”alttext”]

More from СпортMore posts in Спорт »