На 48. издание на Меѓународниот ракометен турнир во екипата од Битола Еурофарм Пелистет го освои техарот за најдобра екипа, но уште пехари од Струга заминаа за Битола.
На Струшкиот турнир традиционално се бираат најдобри поединци, а најдобар голман беше прогласен Градимир Чаневски од екипата на Еурофарм Пелистер од Битола. Пехарот му го предаде Камил Металари, делегат и претставик на РФМ на турнирот.
Организациониот одбор одлучи уште еден пехар да ги краси витрините во Битола, а тоа е МВП на турнирот, Стипе Мандалиниќ од екипата на Еурофарм Пелистер. Пехарот му го предаде Науче Мојсовски, домаќин на турнирот.
Најдобар стрелец беше Тимур Дибиров од Вардар.
Еурофарм Пелистер 2 од Битола седми го заврши турнирот.






