Press "Enter" to skip to content

Стартуваа и велисипедистите на Пелистер 15 Мај, во “Апхил“ дисциплината (фото)

Со трката во дициплината “Апхил“ која се одржа вчера попладне на патеката на Водно во Скопје, а која беше во организација на ВК Енерџи и Велосипедската федерација на Македонија, стартуваше сезоната  во планински велосипедизам, на која учествуваа и велосипедистите од Пелистер 15 Мај од Битола.Велосипедистите од Битола се појавија на стартот, со тројца велосипедисти, Марјан Тасевски, Леонид Степанулевски и Виктор Недановски. Тренерот  на Пелистер 15 Мај, Африм Јусуфи за стартот на сезоната вели:-Ова не е наша дисциплина, па затоа возеа тројца велосипедисти од Битола, кои се пробаа за прв пат со сопствени велосипеди кои се со послаб квалитет од останатите. Дечките покажаа желба да возат, а ние како клуб им овозможивме. Но, иако од друмско возење, што е наша специјалност, возевме “Апхил“ каде сме слаби, сепак сум задоволен од тоа како се претставија самите, а и клубот. Имаат добри пласмани, а Степанулевски, доколку имаше рангирање по дисциплини како во друмскиот велосипедизам ќе се замешаше во борбата за медали.  Нареден викенд стартуваме и во друмски велосипедизам со државните првенства во хронометар и друм,каде очекуваме добро пласмани.Инаку, Леонид Степанулевски со помалку од 13 години возеше во кадети, го освои 12. место, а во друмски велосипедизам се вози во У-13 и У-15. Маријан Тасевски го освои 9. место во сениорска конкуренција, а Виктор Недановски 12. место во истата конкуренција.

More from СпортMore posts in Спорт »