Press "Enter" to skip to content

Фудбалерките на Топ Гол ја стартуваа сезоната во Битола, со победа од 10:0 (фотогалерија)

Топ Гол – Љуботен 10:0

Во воведното прво коло од ПФЛ за жени екипата на Топ гол од Битола, ја оствари првата победа над Љуботен. На натпреварот кој се одигра на фудбалското игралиште “Павел Шатев“ во Битола, без публика, битолчанки со убедлив резултат од 10:0 ги совладаа тетовчанки и ги прокнижи првите бодови на нивното салдо.-Им честитам на моите фудбалерки за победата над Љуботен, оваа стартна победа е голем мотив и ќе придонесе за поголема самодоверба. Игравме натпревар по пауза од 6 месеци женски фудбал во Битола и некако имавме несинхронизација во воведниот дел од натпреварот. Постигнавме рано водство и контролата на целиот натпревар ја имавме во нашите нозе. Упатувам и пофални зборови за Љуботен за борбеноста и фер-плеј играта, рече по завршувањето на натпреварот, тренерот на Топ Гол, Кире Грбевски.Головите за Топ гол – Битола ги потигнаа: Јанковска Гоцевска, Николовска по еден, Петровска и Нешковска по два и хет-трик постигна Гелевска.За Топ гол настапија: Ничевска, Трајчевска, Нешковска, Китанова, Гоцевска, Талевска, Петровска, Гелевска, Јанковска, Љондевска и Ковачева.Уште играа: Николовска, Стојковска, Крстевска, Петровска С. и Нешковска М.Следното второ коло Топ гол им гостува на Скопје 2014 во Пржино.

More from СпортMore posts in Спорт »