Во чест на рускиот конзул Александар Аркадиевич Ростковски, кај споменикот Руски крст во Битола се одржа традиционалната манифестацијата „Денови на Ростковски“, која поради актуелната состојба со Ковид-19, годинава трае само еден ден.
Амбасадорот на Руската федерација во земјава Сергеј Баздникин, градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, претставници на конзулатот на оваа земја, како и претставници на регионалното здружение на македонско-руско пријателство „А.А. Ростовски“, кое воедно е и организатор на настанот, положија свежо цвеќе пред споменикот.
Се одржа и панихида во чест на Ростковски. А.А. Ростовски бил руски конзул и служел во Битола од 1895 година. Убиен е во средината на илинденското востание на 8 август 1903 година. Зачувувањето на споменот за Ростовски и одбележувањето на неговото дело во Битола е нешто што ги поврзува двата народа, при тоа зајакнувајќи го пријателството и соработката, истакнаа амбасадорот Баздникин и градоначалничката Петровска.

Денови на Ростковски во Битола, панихида за рускиот конзул (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Најубава чкембе чорба направија и освоија прво место моторџиите од “Конзули“, Гран-при за “Корзо“ на првиот “Чкембе фест Битола 2026“ (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер 2 од Битола со реми против Младост во Богданци откако се врати од -6
- СВР Битола: битолчани во сообраќајка кај Крушје, приведување за возење без возачка, нападната малолетничка
- УКЛО Битола на меѓународната конференција „Crossing Boundaries and Disciplines“ во Израел
- Во Битола сончево, попладне можни врнежи





