Денес, четврток, 20 август, во Битола времето, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. УВ=8. Температурата до 28°С.
Утре, петок, 21 август, времето во Битола ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. УВ=8. Температурата до 28°С.
Од утре следува и период на претежно сончево време со пораст на дневната температура. По викендот повторно ќе биде нестабилно.






