Press "Enter" to skip to content

Горан Милевски од Битола, старо-нов министер за локална самоуправа

Горан Милевски од Битола и во новата влада на Зоран Заев, ќе остане министер за локална самоуправа, како и во претходната влада, е договорено на средбата на  претседателот на СДСМ со лидерите на партнерите од коалицијата “Можеме“.

Ова го соопшто преку “фејс бук“ огранокот на ЛДП од Битола, каде напишаа:

-Горан Милевски ќе биде министер во новата влада за Локална самоуправа. ЛДП добива министерско место, ама и Битола има министер. Честитки и многу успех.

Горан Милевски е актуелен претседател на ЛДП, а извршувал и други политички фунции, советник во Советот на Општина Битола, пратеник во Собранието, а беше и на чело на битолкиот огранок на ЛДП. Инаку, е професор во Средното економско училиште во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »