Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола шест оздравени и еден новозаболен од ковид-19

Денес во Битола бележиме еден новозаболен од ковид-19, лицето на возраст од 51 година и во Центарот за јавно здравство во Битола не дало  податок за контакт со позитивно лице. Денес имаме во Битола и шест оздравени лица.

Инаку, во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на ковид-19, во  Скопје 55, Куманово 12, Дебар 1, Штип 5, Прилеп 9, Тетово 6, Струга 1, Велес 2, Битола 1, Охрид 3, Кавадарци 4, Гостивар 2, Струмица 1, Крива Паланка 2, Кочани 1, Пробиштип 1, Берово 1, Виница 3, Делчево 2, Кратово 1, Свети Николе 1 и Кичево 4.

Починати се тројца пациенти, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 127 оздравени пациенти од кои во Битола 6.

Досега во земјата се направени вкупно 132493 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.194, бројката на оздравени пациенти е 9.752, на починати е 554, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.888.

More from ВестиMore posts in Вести »