Press "Enter" to skip to content

Синоќа загина работник во рудникот “Суводол“ во РЕК “Битола“

Утрово преку соопштение до медиумите ЕСМ соопшти дека 60 годишен работник во рудникот Суводол го загуби животот, во соопштението се вели:

-Со длабоко жалење известуваме дека синоќа при несреќен случај во Рудникот Суводол во РЕК Битола, при работа со градежна машина, животот го загуби 60 годишен работник.

Во моментот на несреќата, работникот беше ангажиран на извршување на редовни работни активности. 

Стручните служби на РЕК “Битола“ и надлежните органи се на терен за расчистување на околностите под кои се случи несреќата.

Телото ќе биде предадено на обдукција, по што ќе се знаат и причините за смртта на работникот. 

Јавноста ќе биде известена за наодите по завршувањето на законски предвидените дејствија.

More from ВестиMore posts in Вести »