Кошаркарскиот клуб Пелистер договори уште еден Американец, да ги брани “зелено-белите“ бои, а тоа е Чез Вилијамс, кошаркар кој од 2014 година игра низ Европа, кој е висок 175 сантиметри.
Американецот Чез Вилијамс потпиша договор со битолскиот прволигаш, а во Битола, 29-годишниот бек доаѓа од исландскиот шампионат, каде го носеше дресот на Нјаровик до прекинот на сезонара, поради корона кризата.
Вилијакс претхорно настапуваше во Финска, Полска и Швајцарија, а неговото искуство ќе биде драгоцено во тимот на лигашот од Битола.
Пелистер претходно се засили со Стајиќ и Трајковски, Кесар, Џалил Абдул Басит и Џастин Мартин.
В понеделник новиот тренер Илиевски ќе ги започне подготовките за новата сезона, а планирано е подготовките за новата сезона да бидат и во босанскиот град Требиње на мини-камп.






