Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер

Денес, 21 август, петок, времето во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. УВ=8. Температурата во Битола до 29°С.

Утре, сабота, 22 август, во Битола времето ќе биде претежно сончево и топло со слаб северозападен ветер. УВ=8. Температурата во Битола до 32°С.

Во деновите од викендот времето ќе биде претежно сончево и топло со пораст на дневната температура. Во понеделник попладне и во вторник повторно ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

More from ВестиMore posts in Вести »