Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: повреден моторциклист на патот Битола-Ресен

На 21.08.2020 околу 17.15 часот на патниот правец Битола-Ресен се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди-А3“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 20 годишник  од Битола и мотоцикл „јамаха“, без регистарски ознаки, управуван од 24 годишник од Битола.

Во незгодата, моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.  

More from ВестиMore posts in Вести »