
Ако во минатата недела се присетивме на еден концерт со музика од денешно време, денес ќе се присетиме за друг концерт, пред 10 години во 2010 години, со мизика од пред триесетина години, посветен на една дама од Битола, Сашка Петковска, насловен “Незаборав“, организиран битолчанецот, Панде Димитровски, започна со своите сеќавања за тоа што се случувало во ова време пред 10 години, Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
-На концертот во Битола на кој присутвуваат и нејзините најблиски, насловен како “Незаборав“, се одржа во Народниот театар во Битола, а битолчани ги слушаа песните на битолчанката Сашка Петковска, кои ги отпеаја осум битолски пејачки. Пената “Бакни ме“ ја изведе Маргарита Христова, “Чао адио“ Билјана Дамјановска, “Пушти ме како птица“ Марина Коруновска , па следуваа “Запри срце“, “Никогаш никогаш“, “Гриша“, “Сеќавања“ кои ги изведоа Анета Мицевска, Анета Ефтимова, Андријана Ацевска, Марија Митровска и Ирена Димовска. Не остана незабележан и водителскиот тандем Маја Илиевска и Николче Пројчевски, се сеќава Миновски, кој додава:
-Во Радио Битола, во 70-тите години, тогашните музички уредници немаше ден, да не пуштат во програма по неколку песни од Сашка Петровска, а тоа беше заслужено, битолчани сакаа да ја слушаат нејзината музика. Саша беше голема музичка ѕвезда, но и модна икона која остави богато музичко наследство зад себе. Пленеше и со стилот. Секогаш авангардна, дама со изграден и софистициран стил, која светските трендови ги носеше директно на регионалната сцена. Музичарите до денес ја издвојуваат како еден од најдобрите женски музички гласови, што произлегле од Битола.
-Мислам дека и денес, оние вистинските љубители на музиката ги слушаат песните на Сашка Петковска, кои не се забораваат, тоа се евергрини кои со задоволство ги слушаат. Но таа блескава кариера беше прекината кога таа имаше само 32 години кога почина во сообраќајна несреќа на патот Куманово-Свети Николе, на 31 август 1983, со изградена богата музичка кариера, снимила неколку плочи.
Сашка Петковска-Липша е родена 1951 година во Битола.










