Викендов во организација на Велисипедската федерарација на Македонија и велосипедскиот клуб од Велес, се одржа државно друмско во организација на кое настапија и пет возачи од Битола.
Возачите на Пелистер 15 Мај од Битола во три категории, а со медал во Битола се врати најискусниот Златко Гецовски, кој беше второпласиран во кагегорија мастерс, а возеше 90 километри.
-На трката поради протоколите за заштита од ковид-19, не се појавија младите категории, па така кадетите возеа 60 километри, сениорите возеа 120 километри и мастерсите возеа 90 километри. Во сениори настапивме со двајца возачи Мартин Јовановски и Виктор Недановски кој за прв пат учествуваат на ваква трка и истата ја извозија заедно со групата. Во кадети настапивме со Андреј Лешнаров кој не беше во првите тројца, но сепак беше во групата што освоија бодови, вели Африм Јусуфи, тренер на Пелистер 15 Мај.
Наредна трка е на 13 септември кога во Битола ќе се одржи државно ридско првенство, каде ќе настапат сите категории и ќе се вози од Битола до ски-центарот “Стрежево“ кај Нижеполе.

Златко Гецовски од Пелистер 15 Мај од Битола второпласиран во друмски велосипедизам (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Лино Червар по поразот: немавме решени за нивната игра, примивме лесни голови, а паднавме без “испукан куршум“
- Пораз на Еурофарм Пелистер во Битола во 1. коло од Лига Европа, а се беше подготвено за успех (фотогалерија)
- Зелен тепих, роденденска торта, нови членски, фан зона за осмиот играч “Чкембари“ (фото)
- Никола Митревски: вечерва е натпреварот кој го чекаме, подготвени сме за Логроњо
- Лино Червар пред стартот на европска сцена: мора да играме одбрана, публиката е нашата сила во Битола!





