Press "Enter" to skip to content

Од Швајцарскиот проект ќе се набават возила, ќе се направат училници во градинките за лица со попреченост

Во рамките на програмата „Зајакнување на општински совети“, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП, се одржа четвртата форумска сесијаво салата на Советот на Општина Битола.

Тема на форумите е социјална инклузија во чии рамки е обезбеден грант во износ од 50.000 швајцарски франци, за граѓански проекти произлезени од сесиите.Предлозите за проектите се дадени непосредно од граѓаните на досега на трите форумски сесии, а со гласање граѓаните одлучија да се реализираат проектите „Урбана мобилност – возила прилагодени за лица со попречености“ и „Инклузивни училници и игралишта во училишта и градинки“.

Програмата „Зајакнување на општински совети“ е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП, а преку оваа програма се реализираа повеќе активности напоредно, односно обуки за членовите на Советот на Општина Битола, целосно аудио и видео опремување на Салата на Советот, со која форумите и седниците на Советот се пренесуват во живо и една од најбитните активностите во која директно учествуваат граѓаните се Форумите во заедницата.

Како форма на одлучување, форумите станаа дел од Статутот на општината.

More from ВестиMore posts in Вести »