Во пресрет на првиот уписен рок којшто на УКЛО започнува утре, 27 август 2020 година, Универзитетот презема дополнителни активности за стимулација и подддршка на идните студенти.
Денеска, во Ректоратот на УКЛО потпишан е Меморандум за соработка помеѓу УКЛО и осигурителното друштво СН Осигурителен Брокер АД Битола. Соработката е официјализирана со потписите на ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски и еден од двајцата извршни директори на Друштвото, Зоран Пејчиновски.
Во рамки на соработката објавена е и конкретна поддршка за три стипендии за студенти на насоката осигурување од Факултетот за туризам и угостителство – Охрид со можности за вработување, како и вработување на најдобриот студент од ФТУ.
–Денешниот настан за нас е важен од неколку аспекти. СН Осигурителен брокер АД Битола и овој пат како општестено одговорна компанија помага во образованието, им помага на младите. Нашиот интерес и досега беа спортот, културата, екологијата, граѓаните на кои помош им е најпотребна. Вработуваме еден од најдобрите студенти од Факултетот за туризам и угоститетлство, насока осигурување и доделуваме три стипендии, исто така за студентите од овој факултет и оваа насока, по претходно објавен конкурс На овој начин воспоставуваме и развиваме стратешка соработка со УКЛО и
застануваме како најсилен столб за поддршка на младите, рече пред потпишувањето на договорот, Марија Илковска, советник за маркетинг во СН Осигурителен брокер АД Битола.
Ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски изјави дека УКЛО продолжува со напорите да биде поблиску до бизнис заедницата и да биде општествено одговорен универзитет.
-Со најновиот договор се помагаат студентите од УКЛО во нивниот иден кариерен развој. Приближувањето до бизнисот, како што е случајот со СН Осигурителен Брокер АД Битола една од најреномиораните компании во овој сектор, претставува признавање на квалитетот на УКЛО. Тој напомена дека триесетина респектабиллни фирми и компании стипендираат студенти на УКЛО. Потпишувањето на договорот за соработка помеѓу УКЛО и СН осигурителното друштво е дел од стратешките заложби на УКЛО за пошироко поврзување со деловниот свет и бизнис секторот и градењето цврсти и конкретни релации со опкружувањето.
Договорот го потпишаа домаќинот, ректорот на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ проф. д-р Сашо Коруновски и извршниот директор на СН Осигурителен брокер АД Битола, Зоран Пејчиновски.
Како и Коруновски по потпишувањето и Пејчиновски по потпишувањето на договорт рече дека му е драго што се партнер на УКЛО, и дека соработката ќе се продлабочува и поединечно со факултетите од Универзитетот, на разни полиња на соработка.
-Со соработката со Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола се придонесува за развојот на образованието на младите, кои што се и треба да прераснат во столб и силна потпора на нашата иднина. Нашата намера е, покрај давањето шанса за најдобрите,
компанијата да ја градиме со млади, високо едуцирани и перспективни менаџери за
осигурување, како што е и сега во Компанија, во која работат млади кадри на сите позиции. Со тоа стануваме место каде што теоретското знаење оптимално ќе биде
применето во реално и динамично бизнис опкружување, рече Зоран Пејчиновски.
Од СН Осигурителен брокер АД Битола нагласија дека нема да изостане поддршката и за други студенти на УКЛО, особено во делот на унапредување на едукативни, истражувачки и апликативни активности.
Потпишувањето на договорот за соработка помеѓу УКЛО и SN Осигурителен Брокер АД Битола, е дел од стратешките заложби на УКЛО за пошироко поврзување со деловниот свет и бизнис секторот и градењето цврсти и конкретни релации со опкружувањето. Договор е насочен и за други студенти на УКЛО во делот на унапредување на едукативни, истражувачки и апликативни активности, а соработката се темели на партнерство, консензус, транспарентност, одговорност, заедничко планирање и усогласеност на активноститеод взаемен интерес и меѓу другото ќе се одвива преку организирање обуки за стекнување на знаења и вештини, специјалистички курсеви, консултации и експертизи и организирање пракса за студентите, како и подготовки на заеднички проектни апликации и учества во проекти.
На чинот на потпишување на Договорот присуствуваше раководниот тим на УКЛО, а настанот се одржа со доследна примена на строги безбеднопсн и протоколи за заштита
од Корона вирусот.
Во периодот што претстои, за трите стипендии за студентите од насоката осигурување, од Факултетот за туризам и угоститетлство ќе биде објавен огласот, на кој што тие ќе можат да аплицираат, а оној кој што ќе постигне најдобри резултати, вратите на СН Осигурителен брокер АД Битола се отворени.

Потпишан меморандум за соработка помеѓу УКЛО и осигурителното друштво СН Осигурителен Брокер АД Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Вечерва во Битола отворен првиот градски фестивал посветен на виното (фотогалерија)
- Амбасадорката на САД во Македонија, г-ѓа Никол Варнс по посета на УКЛО Битола
- Амбасадорката на САД во Македонија Никол Варнс во посета на Општина Битола
- ОУ “Стив Наумов“- Битола со соопштение по заканувачките пораки на ученик кон неговите соученици и нивните родители
- АД ЕСМ и РЕК “Битола“ дел од транспарентниот процес за подобра и позелена иднина





