Еурофарм Пелистер – Голден Арт КЛ7 34:19 (19:10)
Екипата на Еурофарм Пелистер во пријателски натпревар убедливо ја победи екипата на Голден Арт КЛ7 со резултат 34:19, со што ги продолжија одличните игри во подготвителниот период. Победникот беше решен уште во првиот дел, во кој тимот од Битола наметна силно темпо на игра и ја наполнија мрежата на младите момци на Бошковски 19:10, а вториот дел беше само рутина за поискусниот ривал.Следен предизвик Еурофарм Пелистер е екипата на Охрид.
Охрид – Еурофарм Пелистер 2 25:30 (12:19)
И Еурофарм Пелистер 2 е во фала за подготовки каде игра пријателски натпреаври, а екипата на Александар Јовиќ во Охрид извојуваа сигурна победа над домашната екипа, со резултат 25:30. Битолскиот тим имаше мотив за победа, а тоа се виде уште во првото полувреме која направи разлика од седум гола разлика 12:19. Битолчани и во вториот дел продолжија со добрата игра, а на крај заслужено извојуваа победа од 25:30.






