Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола сончево и топло, недела и понеделник над 35°С

Денес, петок, 28 август, времето во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ=8. Температурата во Битола до 31°С.

И за утре прогнозата за Битола е иста, а времето ќе биде сончево и топло. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. УВ=8. Температурата во Битола до 31°С.

УХМР упати и предупредување дека под влијание на многу топла воздушна маса, во недела и во понеделник ќе биде многу топло со натпросечни дневни температури, при што во најголем дел од земјава температурата ќе надмине 35 степени.