Денес со Битола се регистрирани двајца заболени од ковид-19, а оздравен е еден пациент. Со последните заболени и оздравени лица, бројот на активни случаи е 40 во Битола.
Според информации на министерството за здравтсво во последните 24 часа се направени 1.297 тестирања, од кои во ЦЈЗ Битола се 35 тестирања.
Починати се 6 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 81 оздравен пациент.
На инфектовното одделение во Клиничката болницата во Битола се хоспитализирани 10 пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 147.002 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.293, бројката на оздравени пациенти е 11.014, на починати е 596, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.683.






