На местото на старите и веќе изронети клупи деновиве се поставени нови клупи од “тешко“ дрво кај месноста Палиснопје, на Пелистер на петнаестина километри од Битола.
Клупите ги изработија и поставија екипа на вработени во Националниот парк “Пелистер“ од Битола,, а покрај тоа што ќе бидат во функција на посетителите на Пелистер, ќе го разубават местото.
Иако месноста “Палиснопје“ се наоѓа на 1.500 метри надморска висина, е иделана за кратки прошетки низ планина таму нема многу посетители од Битола.
Покрај убавата природа по која ќе се движите до таму, ладната пелистерска вода, ова место има историска приказна, таму загинале, на 22 септември 1903 година, 48 востаници предводени од турскиот аскер.






