Под влијание на многу топла воздушна маса денес времето ќе биде многу топло со натпросечни дневни температури, при што на повеќе места ќе надминат 35 степени.
Денес, понеделник, 31 август, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Упрвата за хидрометеоролошки работи, времето во Битола ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. УВ=8. Температурата во Битола околу 35°С.
За утре, вторник, 1 септември, временската прогноза за Битола е дека претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од западен правец. УВ=8. Температурата во Битола околу 32°С.






