Денешниот ден, понеделник, е мирен ковид-19 ден. Нема новозаболени лица во Битола, а не е регистриран ни оздравен пациент, па така остануваме на вчерашните бројки во однос на корона вирусот, односно39 активни случаи во Битола.
Инаку, во последните 24 часа се направени 450 тестирања, а регистрирани се 11 нови случаи на ковид-19.
Починати се 3 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациент.
Досега во земјата се направени вкупно 148.269 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.341, бројката на оздравени пациенти е 11.157, на починати е 603, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.581.






