Press "Enter" to skip to content

Денес 4 новозаболени во Битола, оздравени 6 битолчани од ковид-19

Денес во Битола се регистрирани нови четворица новозаболени, а шест мина се оздравени пациенти. Вкупно во Битола од почетокот на корона кризата има  207 позитивни пациенти, а моментно активни се 37 случаи.

Инаку, во последните 24 часа се направени 1.665 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19.

Починат е еден пациент , а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 368 оздравени пациент. Досега во земјата се направени вкупно 149.934 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.455, бројката на оздравени пациенти е 11.525, на починати е 604, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.326.