Press "Enter" to skip to content

ЈКП “Водовод“-Битола: поради дефект, прекин на водоснабдувањето од село Кравари до премин “Меџитлија“

Поради дефект на водоводна мрежа на потегот од Царински терминал до граничниот премин “Меџитлија“ прекин во водоснабдувањето одреден период ќе има од село Кравари до Грчка граница.

Екипите на ЈКП “Водовод“ од Битола се на терен и работат на отстранување на дефектот и најбрзо нормализирање на водоснабдувањето.

ЈКП “Водовод“ од Битола