Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер, од 4 до 6 септември, на турнир во Атина, Грција

Овој викенд ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола, ќе гостуваат во Грција на силен ракометен турнир во организација на АЕК Атина, кој ги носи името “Андреас Папастаматис“.

Покрај домаќинот на турнирот екипата на АЕК Атина, Еурофарм Пелистер од Битола, учесници се и екипите на Диомидос Аргус од Грција и кипарската екипа Анортозис.

Турнирот зашочнива во петок, 4 септември, а ракометарите од Битола во 20 часот ќе играат против Анортозис од Кипар. 

Сабота, 5 септември, Еурофарм Пелистер ќе игра против вторта грчка екипа Диомидис Аргус, а недела, 6 септември против докаќинот АЕК.

Се предвидува дека за трофејот ќе се борат Еурофарм Пелистер и АЕК.

Експедицијата на битолскиот клуб за Атина ќе патува утре, трети септември.

More from СпортMore posts in Спорт »