Press "Enter" to skip to content

Се асфалтира “Илинденска“ во Битола, кај Еврејските гробишта (фото)

Денес започна со асфалтирање на улица “Илинденска“ кај Еврејските гробишта во Битола, на потегот од крстосницата со улица “Прилепска“ со улицата “Панде Кајзеро“.

Овој дел од “Илинденска“ претхпдно беше целосно реконтруиран, беше заменета канализационата мрежа, водоводната мрежа, поставени шахти за атмосферска вода.На оваа улица во населбата “Ушици“ во Битола, се работи и на потегот од крстосниците со “7-ми Јули“ и “Цане Василев“, каде е поставена канализационата мрежа и приклучоците на домовите.

Со завршувањето на работите во овој дел на Битола ќе се олесни движењето на возилата, за што возачите се приморани да возат по околните улици.