Во последните 24 часа во Битола се потврдени 4 нови случаи на COVID-19. Се работи за лица на возраст од 13, 32, 55 и 65 години, а две лица даваат податок за контакт со веќе регистрирани позитивни лица.
Во последното деноноќие се направени 1.756 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи со Ковид-19.
Нема починати пациенти, а институтот за јавно здравје регистрира 224 оздравени пациент од кои во Битола 1.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.762, бројката на оздравени пациенти е 11.965, на починати е 606, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.191.
Во Битола вкупно има 215 досега позитивни на ковид-19, а активни се 39 случаи.
Направените се преку ЦЈЗ Битола 63 тестови.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14 позитивни и сомнителни на Ковид-19.






